Достапни линкови

МВР е отворено за соработка со синдикатот


Раководството на МВР и натаму е отворено за соработка со претставниците на синдикатот бидејќи тоа е во интерес на сите вработени во МВР, се наведува во соопштението на МВР, откако денеска претседателот на Независниот синдикат на полицијата, Гоце Делчев изјави дека МВР тапка во место и не превзема ништо освен празни муабети да ги подобри условите на македонскиот полицаец.

Од синдикатот го повикаа министерот на терен да се увери дека не се поделени чизми за сите полицајци како што тој изјавил, туку дека само една третина имаат добиено нови обувки.

Во соопштението на МВР, пак се наведува дека министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски изминатиот период имал неколку средби со претставниците на Независниот синдикат и дека во изминатите неколку месеци, биле направени конкретни активности првенствено во насока на подобрување на условите и стандардите на работа на полициските службеници.

Врз основа на направени проценки, се вели во соопштението, изготвен e план за обновување или целосна реконструкција на полициски објекти за различна намена, при што досега пет такви објекти веќе се предадени во употреба, а во поглед на елементарните потреби за нормално функционирање на полицајците се започнало со набавка на нова и комплетна полициска опрема.

XS
SM
MD
LG