Достапни линкови

Илјадници бунтовници ја напуштаат источна Гута


Околу 7.000 припадници на сириската бунтовничка група и нивните роднини се подготвуваат да ја напуштат источна Гута на подрачјето што го контролира опозицијата на север од земјата, како дел од договорот за евакуација на две од трите упоришта што ги држат опозициските борци источно од главниот град Дамаск , објавија државните медиуми во Сирија. Евакуацијата доаѓа еден ден откако беше постигнат договор меѓу Фајлак ал-Рахман, втората најмоќна бунтовничка група во источна Гута и Русите да се предаде и вториот од трите упоришта во источна Гута, каде што бунтовниците се криеја изминатите години.

Денеска булдожерите ги отстраниле огромните песочни бариери од главниот пат во градот Хараста, кој ќе го користат бунтовниците и нивните роднини на патот кон север во земјата. Сириските централни воени медиуми контролирани од владата објавија дека се подготвува коридор за членовите на Фајлак ал Рахман и нивните роднини да ги напуштат градовите Замалка, Арбени, Ајн Тарма и Јовар.

Овие евакуации следуваат откако илјадници луѓе ја напуштија Хараста, првото упориште по сличен договор за евакуација на вооружени борци и цивили.

XS
SM
MD
LG