Достапни линкови

Нови протести за затворање на депонија близу Москва


Околу 1.000 луѓе денеска повторно протестираа во Волоколамск, на околу 100 километри западно од Москва, барајќи затворање на депонијата од која протекува токсичен гас што им штети на десетици деца. Демонстрантите се собраа пред седиштето на локалната администрација, од кои многумина носеа розови ленти во знак на почит кон една локална ученичка која го засрами гувернерот на Московскиот регион Андреј Воробјов со пркосен гест за време на претходниот протест. Протестот се случи и покрај фактот што Воробјов претходниот ден го отпушти шефот на округот, откако десетици локални деца беа доведени во болница на 21 март, по вдишување на гасот што протекол од депонијата "Јадрово" во близина на Волоколамск. Околу 150 ученици и денеска побарале медицинска помош откако се почувствувале лошо поради сомневање за истекување на штетен гас од депонијата Јадрово.

XS
SM
MD
LG