Достапни линкови

Африн во Северна Сирија под целосна контрола на турската армија


Турската армија и силите на Слободната сириска армија воспоставија целосна контрола врз градот Африн во северна Сирија, во рамки на операцијата „Маслиново гранче“.

„Сите населби во областа се исчистени од терористите на курдската Партија на Демократска унија и Курдската работничка партија“, се наведува на сајтот на Генералштабот на турската армија.

Во текстот се посочува дека продолжуваат акциите за деминирање, со цел да се обезбеди безбедност на локалното население и мирно враќање во нивните домови.

За време на операцијата загинаа 3.733 терористи, а на турската страна загинаа 47 војници.

XS
SM
MD
LG