Достапни линкови

Египетската полиција мета на експлозија во Александрија


Две лица загинаа, меѓу нив и еден полицаец во експлозија предизвикана од бомба поставена под автомобил во Александрија во Египет. Четворица други полицајци се повредени од експлозијата, која најверојатно била насочена кон главната полиција за безбедност во Александрија, објави Министерството за внатрешни работи. Експлозијата се случува на само неколку дена пред претседателските избори во Египет, каде што се очекува претседателот Абдел-Фатах ал-Сиси да биде реизбран. Ниту една група засега не ја презеде одговорноста за нападот.

XS
SM
MD
LG