Достапни линкови

Иран ги критикува новите санкции на САД кон нејзините граѓани


Иран ги критикуваше новите санкции на САД против 10-те нејзини граѓани и иранската компанија поради нивната наводна вмешаност во големо хакирање и планот за кражба на интелектуална сопственост, спонзорирана од државата.

Министерството за финансии на САД вчера ги обелодени обвиненијата против девет Иранци заедно со санкциите против 10 лица и Институтот Мабна, кој го обвини за хакирање стотици универзитети во име на Иранската револуционерна гарда. Портпаролот на Министерството за надворешни работи, Бахрам Гасеми, ги нарече обвинувањата "лажни".

"Иран ги осудува провокативните, незаконските и неоправдани акции на САД, кои претставуваат голем нов знак на непријателство и непријателство на лидерите на САД кон иранскиот народ", напиша Гасеми на веб-страницата на министерството и додаде дека тие нема да го спречат научниот развој на иранскиот народ.

Двајцата основачи на Институтот Мабна, Хогамреза Рафатниџад и Ехсан Мохаммади, беа меѓу деветте Иранци обвинети во Њујорк и нивниот имот е запленет од страна на САД.

Одделот за финансии соопшти дека од 2013 година, Институтот Мабна ги спроведе сајбер-упадите во компјутерските системи на 144 американски универзитети и на други 176 универзитети во 21 странски земји.

XS
SM
MD
LG