Достапни линкови

Најмалку 12 загинати во самоубиствен бомбашки напад во Авганистан


Архивска фотографија-Лашкар Гар, главниот град на провинцијата Хелманд во Авганистан

Автомобил бомба експлодирал денеска на влезот на спортски стадион во Лакшар Гар, главен град на авганистанската југозападна провинција Хелманд. Во нападот, како што се јавува, загинале најмалку 12 луѓе, а повредени се десетици во моментот кога го напуштале натпреварот во борење кој се одржувал на стадионот. Омар Завак, портпаролот на гувернерот на провинцијата Хелманд, за РСЕ реќе дека нападот го извршил бомбаш самоубиец кога упаднал со возилото во групата луѓе која поминала низ излезот на стадионот кратко време по завршувањето на натпреварот. Засега никој не ја презема одговорноста за нападот.


XS
SM
MD
LG