Достапни линкови

Тимоние: во примената на Законот за јазици треба да се почитува духот на консензусот


Архивска фотографија- Амбасадорот на Франција во Македонија Кристијан Тимоние

Македонија по гласањето на законот за јазиците треба да се посвети на реформите, изјави францускиот амбасадор Кристијан Тимоние денеска во Тетово, одговарајќи на новинарско прашање во врска со законот за јазиците.

„Во Македонија треба да се почитува дијалогот и во секој случај овој закон е изгласан, меѓутоа при неговата примена треба да се почитува духот на консензусот. По овој закон треба да се сработи тоа што е зацртано и да се стави фокус на реформите“, истакна Тимоние, кој беше во посета на тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“.

Средношколците подготвија уметничка програма за амбасадортот, која беше проследена со изложба од слики и знамиња од сите земји на Европската унија. Тимоние од претставници на училиштето доби подарок албанска традиционална носија.

XS
SM
MD
LG