Достапни линкови

Убиен напаѓачот во супермаркетот во Франција


Франција- полицајци пред супермаркетот во кој се случуваше заложничката драма, 23.03.2018

Францускиот министер за внатрешни работи Жерард Коломб изјави денеска дека полицијата го убила напаѓачот на супермаркет во градот Треб, кој се наоѓа во јужниот дел на земјата. За време на заложничката криза, според него, загинале најмалку три лица, а три биле повредени од кои едното лице е во тешка состојба.

Францускиот премиер Едуард Филипе изјави дека најверојатно се работи за акт на тероризам. Се уште не се знае идентитетот и мотивот на напаѓачот.

Коломб посочи дека тој и бил познат на полицијата по извршувањето на ситни кривични дела и не се сметал за исламистичка закана. Медиуми јавија дека напаѓачот тврдел оти е припадник на милитантната група Исламска држава.

XS
SM
MD
LG