Достапни линкови

Савченко најави штрајк со глад, судот одлучува за притвор


Надја Савченко

Украинската пратеничка Надја Савченко изјави денеска дека ќе штрајкува со глад додека судот одлучува дали ќе и изрече мерка притвор поради обвинувањата дека планирала терористички напад.

Одбраната на Савченко на денешното рочиште соопшти дека таа е невина и оти нејзиното приведување во Парламентот е незаконско. Украинската безбедносна служба вчера ја притвори Савченко откако нејзините колеги и го укинаа имунитетот.

Генералниот обвинител Јури Луценко на 15 март тврдеше дека Савченко планирала да ја уништи куполата на Парламентот со минофрлачки гранати и да ги убие преживеаните пратеници со огнено оружје.

XS
SM
MD
LG