Достапни линкови

Убиено едно лице во напад во супермаркет во Франција


Француската полиција го блокира влезот во градот Треб

Најмалку едно лице загинало кога вооружен напаѓач отворил оган во супермаркет во југозападна Франција и се заколнал на верност на милитантната група Исламска држава. Полицијата соопшти дека го опколила супермаркетот во Треб, јужно од Тулуз при што напаѓачот има и заложници. Според градоначалникот Ерик Менаси повредени се 12 лица, а напаѓачот извикувал Алах Акбар, односно Господ е голем.

Пред нападот, вооружен маж отворил оган кон четворица полицајци во соседниот град Каркасон, при што еден од нив е повреден. Каркасон е на 15 минути возење од Треб. Се уште не се знае дали нападите се поврзани.

Францускиот премиер Едуард Филипе изјави дека најверојатно се работи за акт на тероризам. Според него, се уште трае заложничката драма и операцијата не е готова.

XS
SM
MD
LG