Достапни линкови

Штрајк на синдикатот на прилепски „Еурокомпозит“


Протест на вработените во фабриката Еурокомпозит во Прилеп

Синдикатот на прилепски „Еурокомпозит“ од денеска е на штрајк и не дозволува влез во фабриката. Претседателот на синдикатот, Роберт Богданоски изјави дека донеле одлука за штрајк поради тоа што Владата во дадениот рок не го сменила раководството на „Еурокомпозит“. По нивната одлука, според него, раководството им дало отказ и суспензија на 10 од 11 членови на синдикалната организација.

Богданоски посочи и дека се обиделе да воспостават контакт со кабинетот на вицепремиерот Кочо Анѓушев од каде добиле совет да не штрајкуваат. Генералниот директор на „Еурокомпозит“, Александар Кузески, порача дека се суспендирани вработените кои во контитуитет ги кршеле работниот ред и дисциплината. Според него, штрјакот е нелегитимен.

XS
SM
MD
LG