Достапни линкови

Комеморации во Белгија и Британија за жртвите во терористичките напади


Белгија: Министерот Чарлс Мичел на комеморација за сеќавање на жртвите на терористички напади на 22 март 2016 година.

Белгија и Велика Британија одржаа комеморации за сеќавање на жртвите на одделните терористички напади извршени на исти ден, 22 март, во 2016 и 2017 година.

Во три координирани самоубиствени бомбашки напади беа убиени 32 лица и повеќе од 300 беа повредени на 22 март 2016 година во Белгија, два на аеродромот Завентам во Брисел и еден на метро станицата во центарот на белгискиот главен град. Комеморацијата за нападите, за кои одговорноста ја презеде милитантната група Исламска држава (ИД), беше одбележана на церемонија во Завентам.

На 22 март минатата година во Лондон, пет луѓе беа убиени и 50 повредени кога Британецот кој го прифатил исламот, Калид Масуд, употребувајќи возило удри во пешаци на мостот Вестминстер во центарот на Лондон, пред да убие полицаец пред британскиот Парламент.

Во сеќавање на жртвите, британската премиерка Тереза Меј денеска постави венец на плоштадот пред Парламентот.

Групата на ИД повторно ја презеде одговорноста за нападите во Лондон, но истражителите рекоа дека не нашле докази за поврзаност.

По случувањата на 22 март, Британија беше цел на четири други напади, вклучителни три во главниот град Лондон.

XS
SM
MD
LG