Достапни линкови

Коѕијас пристигна на аеродромот во Скопје


Архива: Средба на министерот за надворешни работи Димитров со министерот за надворешни работи на Грција Коѕиас во Скопје.

Министерот за надворешни работи на Грција Никос Коѕијас со владин авион попладнево пристигна на Меѓународниот аеродромот Скопје.

Коѕијас беше пречекан од македонска делегација, а вечерва ќе има работна вечера со министерот за надворешни работи на Македонија Никола Димитров.

Во текот на утрешниот ден се очекува Коѕијас, освен со неговиот колега Димитров, да оствари средби и со премиерот Зоран Заев, вицепремиерот Бујар Османи, претседателот на Собранието Талат Џафери и со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, Христијан Мицкоски и Али Ахмети.

XS
SM
MD
LG