Достапни линкови

Фејсбук открил голем број профили за лажни вести од Македонија


Сопственикот на Фејсбук, Марк Закерберг

Сопственикот на Фејсбук, Марк Закерберг во интервју за телевизијата Си-Ен-Ен изјави дека во минатата година откриле голем број лажни профили од Македонија од каде се ширеле лажни вести на прашањето што презема социјалната мрежа во борбата против мешање во избори.

„Во 2017 година за време на специјалните избори за Сенатот во Алабама, употребивме нови алатки што ги развивме со цел откривање лажни профили кои се обидуваат да шират лажни вести. Пронајдовме многу такви лажни профили од Македонија. Не очекува напорна работа за да им отежнеме на државите како Русија да се мешаат во избори, да спречиме други луѓе да шират лажни вести“, рече Закерберг.

Тој порача и дека е подготвен да сведочи пред американскиот Конгрес поради злоупотребата на лични податоци на милиони корисници на социјалната мрежа по скандалот со компанијата Кембриџ аналитикс која се поврзува со претседателската кампања на Доналд Трамп во 2016 година.

Закерберг ја призна грешката на Фејсбук и изрази жалење поради скандалот. Кембриџ аналитикс имале пристап до податоците на 50 милиони корисници на Фејсбук без нивно знаење и чувале податоци откако социјалната мрежа побарала нивно бришење.

XS
SM
MD
LG