Достапни линкови

ВМРО-ДПМНЕ: Џафери не смее наместо Иванов да го потпише Законот за јазици


Седиштето на ВМРО ДПМНЕ

Од ВМРО-ДПМНЕ денеска реагираат дека Уставот и законите се јасни, при што претседателот на Собранието, Талат Џафери не смее да си дозволи да го потпише Законот за употреба на јазиците на местото наменето за потпис на претседателот Ѓорѓе Иванов. Според партијата, директорот на Службен весник смее да го објави законот без потпис на Иванов, бидејќи со тоа ќе изврши злоупотреба на службената положба и овластување.

„Уставот мора да се почитува. Без потпишан указ од страна на Претседателот на Република Македонија нема закон, а доколку некој се обиде и се дрзне да го прекрши Уставот ќе сноси и соодветна кривична одговорност“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата посочуваат дека законот е неуставен и целосно неприменлив, а последиците ќе бидат огромни и штетни по државата.

XS
SM
MD
LG