Достапни линкови

Уапсена украинската пратеничка Савченко


Надја Савченко

Украинските безбедносни сили ја уапсиле Надја Савченко, пратеничка и поранешна заробеничка на Русија, која е обвинета за заговор за спроведување на терористички напад врз законодавниот дом.

Парламентот даде зелено светло за апсење на Савченко, а на тоа му претходеше гласањето на пратениците кои и го одземаа имунитетот. Генералниот обвинител Јури Луценко на 15 март тврдеше дека Савченко планирала да ја уништи куполата на Парламентот со минофрлачки гранати и да ги убие преживеаните пратеници со огнено оружје.

Наводите на Луценко доаѓаат по сведочењето на Савченко во случајот со Володимир Рубан, кој беше клучниот преговарач во размената на заробеници со проруските сепаратисти во источна Украина.

XS
SM
MD
LG