Достапни линкови

Во експлозија во фабрика во Чешка 6 жртви


Илустрација

Најмалку 6 лица загинаа во експлозија во хемиска фабрика во чешкиот град Кралупи над Влтаву, која се наоѓа на 30 километри од Прага. Локалните власти соопштија дека во експлозијата биле повредени и неколку лица кои претрпеле сериозни повреди.

Според властите, нема опасност од нова експлозија. Градоначалникот Петр Холечек изјави дека резервоар со непозната супстанција експлодирал во фабриката Синтос и дека нема опасност по градот.

XS
SM
MD
LG