Достапни линкови

Британија ќе побара од ЕУ осуда на Русија


Тереза Меј

Британската премиерка Тереза Меј ќе побара денеска од другите лидери во ЕУ да го поддржат Лондон во осудата на Русија за наводно труење на поранешниот шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка со смртоносен нервен агенс. Според медиумите, барањето на Меј за силна изјава од лидерите на ЕУ на Самитот во Брисел се очекува да наиде на одреден отпор од сојузниците на Русија во Унијата.

Ние не бараме конфронтација или смена на режимот, изјави висок британски претставник во Лондон. Но Британија бара другите лидери во ЕУ да признаат дека Русија е стратегиски непријател а не стратегиски партнер, истакна тој.

XS
SM
MD
LG