Достапни линкови

Коѕијас во дводневна посета на Македонија


Никос Коѕијас и Никола Димитров

Министерот за надворешни работи на Грција Никос Коѕијас денеска ќе допатува во дводневна посета на Македонија. Грчката делегација предводена од Коѕијас ќе пристигне на Меѓународниот аеродром Скопје. Предвидени се средби со шефот на македонската дипломатија Никола Димитров и со други високи државни претставници.

Димитров деновиве изјави дека до грчката страна бил доставен нацрт договор од страна на Македонија и дека преговорите сега влегуваат во фаза на размена на пишани документи. Тој воедно потврди дека ја добиле и нацрт спогодбата испратена од грчкото МНР, додавајќи оти по средбата со Коѕијас, на 30 март ќе следуваат и разговори во Виена со медијаторот на ОН, Метју Нимиц.

XS
SM
MD
LG