Достапни линкови

Британскиот истражувач вели дека е "жртвено јагне" на Фејсбук


Фејсбук, лого

Британскиот истражувач од Универзитетот Кембриџ Александр Коган изјави дека е неправедно осуден за скандалот со нелегалното користење на податоците на 50 милиони корисници на Фејсбук и дека социјалната мрежа и и Кембриџ го користат како жртвено јагне.

Консултантот е обвинет дека податоците кои ги извлекувал биле во корист на претседателската изборна кампања на Доналд Трамп. Претходно оваа недела беше обајвено дека Кембриџ Аналитика, со помош на апликацијата а во соработка со изборниот тим на претседателот Трамп , нелегално извлекла информации за 50 милиони корисници на социјалната мрежа. Фејсбук соопшти дека податоците биле собрани од страна на Александр Коган, кој развил апликација за истражување на личноста. Според Фејсбук 270 000 луѓе ја презеле оваа апликација со што се овозможува увид во податоците на корисникот. Коган за Би Би Си изјави дека компанијата го повикала него и оти тие ги напишале условите за користење на апликацијата за корисниците. Му било објаснето дека податоците ќе се користат за потенцијални купувачи на Фејсбук

XS
SM
MD
LG