Достапни линкови

Зголемен бројот на жртви во нападот во Кабул


Самоубиствен бомбашки напад во Кабул. 21.Март. 2018

Во самоубиствениот напад пред шиитската џамија во Кабул денеска загинаа најмалку 29 лица, а повредени се повеќе од 50 лица, соопшти Министерството за здравство на Авганистан. "За жал, 29 авганистански граѓани ги загубија своите животи, а 52 други беа повредени во овој инцидент", рече за РСЕ портпаролот на министерството.

Нусрат Рахими, заменик-портпарол на Министерството за внатрешни работи, изјави дека повеќето жртви во нападот биле цивили. Нападот, за кој одговорноста ја презеде екстремистичката група Исламска држава, се случи додека луѓето во авганистанската престолнина ја прославуваа персиската нова година, Нороуз. Напаѓачот бил забележан од полицијата додека тој се обидувал да влезе на големиот собир за прославата на Норуз во џамијата Карт-е Сахи. Напаѓачот го активирал експлозивот што го носел пред да влезе во џамијата.

XS
SM
MD
LG