Достапни линкови

Мицотакис: Доцна е за национален фронт за прашањето за името


Кирјакос Мицотакис, претседател на грчката партија Нова Демократија.

Претседателот на грчката опозициска партија Нова демократија Кирјакос Мицотакис, упати остри критики до актуелната грчка Влада, за политиката што ја води, како во економијата така и во однос на националните прашања.

Мицотакис, говорејќи пред одговорните на секторите во партијата, го спомена и спорот со името, јави МИА .

"Во прашањето со Скопје, владата потсетува на Вавилонска кула. Прашањето со ревизија на Уставот на соседната земја, го поставивме уште од прв момент како услов што не може да се прекрши за да продолжиме кон било кој друг разговор. Со големо задоцнување, некои во владата денес ја сфаќаат правилноста на нашата позиција. Но, за жал е премногу доцна за формирање национален фронт кога самата влада не може да формулира национална линија, единствена линија, заедничка линија, за еден толку критичен национален проблем", вели Мицотакис.

XS
SM
MD
LG