Достапни линкови

Во Атина уапсен клучен сведок за убиството на новинарката од Малта


Автомобилот во кој загина новинарката Каруана Галиција

Русинката Марија Ефимова, по која е распишана меѓународна потерница и која е клучен сведок во истрагата за убиената новинарка од Малта Каруана Галиција, вчера е уапсена во Атина, откако претходно сама се предала во полициска станица на плоштадот Синтагма. Полицијата ја уапсила откако пронашла две меѓународни потерници кои ги издале Малта и Кипар поради обвиненија за проневера и измама.

Ефимова е изведена пред обвинител во Атина, кој и одредил притвор додека не се испита налогот за нејзина екстрадиција.

XS
SM
MD
LG