Достапни линкови

Времето денеска променливо со дожд и снег


Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег, особено претпладне. Повеќе врнежи ќе има во северозападните делови, каде што локално ќе наврнат над 15 литри на квадратен метар. Ќе дува умерен јужен ветер. Утринската температура се движи од три до осум, а дневната ќе биде од 10 до 18 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, претпладне со повремен дожд. Ќе дува умерен до засилен југозападен ветер кој кон крајот на денот ќе го промени правецот во северен. Утринската температура се спушти до четири, а дневната ќе се искачи до 14 степени.

XS
SM
MD
LG