Достапни линкови

Кремљ не е загрижен што Трамп не му ја честита победата на Путин


Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков

Кремљ соопшти дека не смета дека САД направиле непријателски чекор со тоа што американскиот претседател Доналд Трамп не му ја честита победата на Владимир Путин на изборите и новиот мандат на функцијата.

Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков изјави денеска дека молчењето на Трамп не го толкува како непријателство. Според него, најверојатно распоредот на Трамп не му овозможил да ги упати честитките и можеби тој тоа ќе го стори подоцна.

XS
SM
MD
LG