Достапни линкови

Осуден ерменски опозициски политичар на 10 ипол години затвор


Жирај Сефилијан

Ерменскиот суд го осуди опозицискиот политичар Жирај Сефилијан на 10 ипол години затвор за организирање на смртоносниот напад на полициска станица во 2016 година. Шест други лица кои исто така беа обвинети во случајот се осудени на затворски казни од 2 до 5 ипол години. Сефилијан и неговите соработници беа уапсени во јуни, 2016 година откако властите ги обвинија дека планирале да заземат неколку владини институции и објекти за телекомуникација во Ереван.

Неколку недели подоцна членови на вооружената група Сасна Црер заземаа полициска станица во Ереван и бараа ослободување на Сефилијан и оставка од тогашниот претседател Серж Саркисјан. Еден полицаец загина, а друг беше тешко повреден во нападот.

XS
SM
MD
LG