Достапни линкови

НАТО и понуди и Британија помош во истрагата за труењето на агентот


Прес- конференција на британскиот министер за надворешни работи Борис Џонсон и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг во Брисел.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави дека Алијансата се солидаризира со Велика Британија. Тој ја понуди својата поддршка за тековната истрага за труење на поранешен руски двоен агент во англискиот град Солсбери.

Столтенберг ја обвини Русија за „јасно занемарување“ на меѓународниот мир и сигурност, затоа што не открила детали од својата програма „Новичок“, нервен агенс кој е користен при труењето на агентот.

Столтенберг говорејќи пред новинарите по средбата во Брисел со британскиот министер за надворешни работи Борис Џонсон, рече дека Алијансата е обединета во осудата за овој напад и понуди помош во истрагата.

XS
SM
MD
LG