Достапни линкови

Во Брисел нова рунда од техничкиот дијалог Белград - Приштина


Во Брисел се одвива нова рунда од техничкиот дијалог меѓу Белград и Приштина. Тема на разговор се договорите кои се веќе постигнати, а кои не се спроведени во пракса, како договорите за Заедницата на српски општини и за енергетиката. Преставници на Европската унија порачаа да се забрза динамиката на разговори за примена на постоечките договори. Портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич најави зачестени средби на технико ниво на делегации од Србија и од Косово.

Состанокот на двете делегации ќе трае три дена, по што ќе следи средба на највисоко политичко ниво. Средбата е најавена за в петок меѓу претседателот на Србија Александар Вучиќ и претседателот на Косово Хашим Тачи.


XS
SM
MD
LG