Достапни линкови

Во собраниска комисија констатирани оставките на Антикорупционерите


Собраниската Комисија за избори и именувања на денешната седница ги констатира оставките на петмина членови на Државната комисија за спречување на корупција, кои поднесоа оставки откако ревизорски извештај покажа дека злоупотребиле народни пари.

Членот на собраниската комисијата Артан Груби од ДУИ ги повика и преостанатите двајца антикорупционери да поднесат оставки, за, како што вели Антикорупциска да почне да ја извршува вистинската функција.

Констатираните оставки ќе се најдат на пленарна седница на Собранието.

XS
SM
MD
LG