Достапни линкови

Убиени 36 осомничени милитанти во Синај


Возила на египетските сили на полуостровот Синај

Египетските безбедносни сили убиле 36 осомничени милитанти во изминатите 5 дена како дел од операциите против милитантната група Исламска држава.

Војската ја започна операцијата откако египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси кој се кандидира на изборите во овој месец за втор мандат на функцијата даде рок од три месеци за да се порази милитантната група на полуостровот Синај. Во операциите биле уапсени и 345 осомничени милитанти.

XS
SM
MD
LG