Достапни линкови

Путин со убедливо водство на изборите


Владимир Путин гласа на претседателските избори. 18.03.2018

Со 21,3 проценти од изброените гласачки ливчиња, претседателот Владимир Путин има добиено скоро 72 отсто од гласовите, соопшти вечерва руската Централна изборна комисија. Путин се движи кон убелива победа на денешните Претседателски избори и покрај извештаите за бројните прекршувања на гласањето на гласачките места.

Централната изборна комисија по затворањето на избирачките места соопшти дека на второ место според освоените гласови е лидерот на Комунистичката партија Павел Грудинин со 15,7 отсто. Потоа следуваат Владимир Жириновски со 6,9 проценти од гласовите и новинарката Ксенија Собчак со 1,3 отсто. Останатите четири кандидати имаат помалку од еден процент освоени гласови.

65-годишниот Путин, јава на бранот на владината популарност поттикната на четвртата годишнина од анексијата на украинскиот Полуостров Крим и поради воената интервенција во Сирија, која на државната телевизија се претставува како патриотски успех.

XS
SM
MD
LG