Достапни линкови

Курдски претставник: Герилска војна против турските сили во Африн


Архива: Припадници на турските сили во Африн.

Судирот со Турција во сириската енклава Африн влегува во „нова фаза“ односно дека ќе премине во герилска војна, изјави сириско-курдскиот претставник Отман Шеик Иса.

Тој, како што рече, турската окупација ќе се промени од директна окупација, на војна со „нападни и замини“ тактики, додека Африн не биде ослободен, изјави Иса.

„Нашата војска ќе биде нивниот траен кошмар“, додаде Иса на прес конференција, јавија западни медиуми.

Турските официјални лица соопштија денеска дека армиски единици влегле во градот Африн по два месеца откако почна офанзивата врз истоимената енклава

XS
SM
MD
LG