Достапни линкови

Мицкоски: Уназадување на стандардите во секое поле во државата


претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски .

Во Македонија не се живее подобро, стануваме држава каде сиромаштијата расте, стандардот опаѓа, а корупцијата е највисока во Европа, соопшти претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски истакнувајќи дека владата залудно потрошила 10 месеци од животот на сите граѓани.

Тој вели дека има уназадување на стандардите во секое поле во земјата, политичко, економско, социјално, деградиран политички и правен систем каде, како што вели упадите, кршењата и непочитувањата стануваат пракса.

„Имаме неуставен закон за јазици кој како со нож го дели ова општество. Потег кој наместо да направи општество за сите, создава поделено општество. Држава во која народните избраници кои го изгласале законот за јазици полицијата ги чува од сопствениот народ. Дополнително дел од нив јавно си кажуваат дека седеле дома за да не провоцираат Значи, свесни се дека тоа што го направија е провокација и е далеку од здравиот разум“, вели тој.

Мицкоски најави дека од утре продолжува со теренските посети.

„Природната средина на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде теренот меѓу граѓаните. Ќе одам во град, во село, од куќа до куќа, и ќе разговараме со народот. Гласот на народот мора да биде слушнат, ќе разговараме и понудиме решенија. Остануваме со народот во сите предизвици и заедно ќе дојдеме до излезот кој ќе значи оваа власт да си замине“, вели Мицкоски.

XS
SM
MD
LG