Достапни линкови

Поддржувачи на Саакашвили бараат оставка на Порошенко


Протест во Киев против претседателот Порошенко. 18.03.2018

Поддржувачи на опозицискиот лидер Михаил Саакашвили протестираат во Киев, барајќи оставка од претседателот Петро Порошенко. Стотици луѓе денеска се собраа на плоштадот „Маидан“ во украинскиот главен град.

Демонстрантите демонтираа делови од изложба посветена на руското анектирање на Полуостровот Крим, за која тврдат дека властите ги поставиле со цел да ги блокираат антивладините протоест.

Безбедноста беше засилена со неколку полициски автобуси паркирани во близина. Досега не се пријавени инциденти меѓу полицијата и демонстрантите.

Протестите доаѓаат неколку недели откако полицијата во Киев го демонтираше кампот за протести поставен од поддржувачи на Саакашвили во близина на зградатан на националниот Парламент.

Повеќе од 100 демонстранти беа приведени и 20 повредени во полициската акција на 3 март.

XS
SM
MD
LG