Достапни линкови

Украина не им дозволува на Русите да гласаат на изборите


Собир во близина на руската амбасада во Киев. 18.03.2018

Безбедноста е засилена пред инсталациите на руската Влада во Украина, откако Киев објави дека само на дипломатите ќе им биде дозволен пристап да гласаат на руските Претседатеслки избори.

Украинската полиција денеска ја чуваше руската амбасада во Киев и претставништвата во Одеса, и Харков.

Според извештаите, припадници на руските национални групи се собрале во близина на руската амбасада во украинскиот главен град.

Русија ја обвини Украина за прекршување на меѓународните норми.

Милиони Руси живеат во Украина, но не е јасно колку се регистрирани да гласаат во Русија.

XS
SM
MD
LG