Достапни линкови

Љајиќ - до 14 април да се најде трајно решение за брашното


Српскиот министер за трговија, туризам и телекомуникации Расим Љајиќ

До 14 април мораме да најдеме трајно решение за извозот на брашното во Македонија, изјави денеска српскиот министер за трговија, туризам и телекомуникации Расим Љајиќ.

„Воведувањето контра мерки, за жал, се уште е опција. Ние имаме трпение, не сакаме да влеземе во трговска и царинска војна, да воведуваме контрамерки, бидејќи тоа не е во интерес на стопанството и на меѓусебните односи. Јас им кажав да не не тераат тоа да го направиме, но тоа навистина ќе го сториме овој пат ако не најдеме трајно решение“, рече Љајиќ.

Тој најави нов состанок во Скопје за две недели, а според него проблемот со брашното го прават тројца мелничари од Македонија кои, како што напомена, имаат економско и финасиско влијание со што успеваат да наметнат вонцарински бариери. Љајиќ рече дека се бара модел за трајно решение за да не се повторува проблемот секоја година.

XS
SM
MD
LG