Достапни линкови

Украина не дозволува гласање во руските конзулати в недела


Украинскиот министер за внатрешни работи Арсен Аваков

Украинските власти денеска предупредија дека ќе им забранат пристап на руските гласачи до конзулатите на нивната земја во Украина за гласањето на руските претседателски избори во недела. Таа одлука е донесена поради „нелегалното одржување“ на руските претседателски избори на Крим, кој Москва го анектираше пред четири години.

Украинскиот министер за внатрешни работи Арсен Аваков на Фејсбук напиша дека полицијата, која ги чува руските претставништва во Киев, Харков, Одеса и Лвов, нема да им дозволи на руските државјани да влезат во објектите и да гласаат.

Руските избори се одржуваат в недела на 18 март, на четиригодишнината од руската ратификација за припојувањето на Крим кон Русија.

Актуелниот претседател Владимир Путин е фаворит на изборите.

XS
SM
MD
LG