Достапни линкови

Кривична пријава за Доневски, ВМРО-ДПМНЕ обвинува за циркус


Васе Доневски

Од ВМРО-ДПМНЕ денеска реагираат дека СДСМ и ДУИ направиле циркус со приведувањето на Васе Доневски, поранешниот директор на Службата за општи и заеднички работи на Владата на РМ (СОЗР). Според партијата, тоа не е ништо друго освен очајнички обид за дефокусирање на јавноста од катастрофалните, антидржавни политики.

Директорот на Финансиска полиција Арафат Муареми претходно потврди дека бил приведен Доневски и дека е поднесена кривична пријава за злоупотреба на службената положба поради фаворизирање на фирмата „Сејкуриком мулти сервис интернационал“ на тендер за јавна набавка.

Кривична пријава е поднесена и против сопственикот и управител на фирмата, која прекршувајќи го Законот за јавни набавки се стекнала со противправна корист во износ од над 660 милиони денари.

XS
SM
MD
LG