Достапни линкови

Амбасада на САД: Собранието да се фокусира на потребните реформи


Американската амбасада во Скопје

Собранието да оди напред со својата агенда и да се фокусира на потребните реформи, кои сите партии рекоа дека ги поддржуваат, а кои се важни за напредокот на Македонија кон членство во ЕУ и во НАТО, велат во американската амбасада, откако Радио Слободна Европа побара коментар за донесувањето на законот за јазици.

Тие го повторуваат ставот на помошникот државен секретар Мичел, кој рече дека Македонија прави големи чекори во процесот на градење силна демократија и оти треба да се фокусира на реформите за да ја оствари својата евроатлантска иднина.

„Што се однесува до Законот за употреба на јазиците, заменикот премиерот Бујар Османи, на почетокот на оваа недела, потврди во Брисел дека Владата ќе го испрати Законот пред Венецијанската комисија за мислење и препораки, за да биде сигурна дека законот е во согласност со европските стандарди“, велат во американската амбасада.

XS
SM
MD
LG