Достапни линкови

Иванов во посета на Азербејџан


Претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов

Претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов е во посета на Азербејџан. Како што соопштија од неговиот кабинет, Иванов ќе се обрати на 6. Глобален Баку форум кој годинава се одржува на тема „Премостување на разликите за создавање на инклузивни општества“.

На форумот ќе учествуваат и претседателот на Албанија Илир Мета, членот на претседателството на БиХ Младен Иваниќ, претседателот на Молдавија Игор Додон, на турскиот премиер Бинали Јилдирим, како и повеќе поранешни претседатели, премиери и министри и голем број истакнати личности од општествениот и политичкиот живот.

XS
SM
MD
LG