Достапни линкови

Мулер побара документи од компанијата на Трамп


Американскиот специјален обвинител Роберт Мулер

Американскиот специјален обвинител Роберт Мулер, задолжен за истрагата за наводното руско мешање во американските избори, издал налог до „Организацијата Трамп“ да предаде документи од кои некои се однесуваат на Русија. Со тоа, како што оценуваат американските медиуми, Мулер ја приближил истрагата до американскиот претседател Доналд Трамп. Се наведува дека ова може да значи дека истрагата се проширува на евентуалната улога на странски пари во финансирањето на политичките активности на Трамп. „Организацијата Трамп“ ги надгледува сите компании во сопственост на Трамп.

XS
SM
MD
LG