Достапни линкови

Мирна состојбата со морбили во Македонија


Илустрација-осип на рака од мали сипаници

Состојбата со морбили во државава е мирна, од почетокот на годинава се регистрирани девет случаи од кои само четири се епидемиолошки поврзани, соопшти Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство по денешната редовна работна средба за состојбата со морбили во државава, соседството и во европскиот регион.

Следејќи ја состојбата со епидемии на морбили во соседните држави, со појава на смртни случаи, а имајќи ги предвид честите меѓународни патувања и комуникација, како и нискиот опфат со вакцинација против морбили во државата, Комисијата за заразни болести донела заклучоци, со цел спречување појава и ширење на морбилите во државава.

Од таму препорачуваат службите за имунизација при здравствените домови да ги интензивираат активностите за проверка на евиденцијата и изнаоѓање невакцинирани или непотполно вакцинирани деца и да ги вакцинираат, лекарите да обрнат посебно внимание на исипните трески кај пациентите, лицата кои патуваат во држави каде има активни епидемии на мали сипаници да го проверат својот вакцинален статус, а родителите навремено да ги вакцинираат своите деца.


XS
SM
MD
LG