Достапни линкови

Владата на Словачка во оставка по убиството на познатиот новинар


Словачка-премиерот Роберт Фицо му ја врачува оставката на претседателот Андреј Киска, 15.03.2018

Словачкиот премиер Роберт Фицо и неговата влада денеска поднесоа оставка во ек на политичката криза до која дојде по убиството на познат истражувачки новинар и неговата вереница. Претседателот Андреј Киска ја прифати оставката на Фицо и побара од Петер Пелегрини, досегашниот заменик премиер, да формира нова влада.

Со ваквата одлука ќе се задржи сегашната владина коалиција во која има три партии и ќе се избегнат можни предвремени избори.Според Фицо тие не би донеле никаква стабилност. Следните редовни парламентарни избори би требало да се одржат во 2020 година. Пелегрини, кој исто така е од социјал демократската партија на Фицо, би ја формирал истата коалиција, со партијата на етничките Унгарци и ултра националистичката Словачка национална партија.

Десетици илјади Словаци минатата недела учествуваа на протестите во земјата со кои се бараше оставка од владата и длабинска истрага за убиството на 27-годишниот новинар Јан Куцијак и неговата девојка Мартина Куснирова кои беа пронајдени застрелани во нивната куќа во источниот дел на Братислава . Тој меѓудругото пишуваше и за можните врски помеѓу италијанската мафија и кабинетот на премиерот, а во некои од текстовите се појавуваа корупциски скандали поврзани со партијата на Фицо. Протестите беа најголеми во Словачка по падот на комунизмот, а нови демонстрации се закажани за утре.



XS
SM
MD
LG