Достапни линкови

Савченко обвинета за обид за терористички напад во Украина


Надја Савченко

Пратеничката и поранешна руска заробеничка Надја Савченко изјави денеска дека спикерот на Парламентот, Андриј Парубин имал клучна улога во операцијата за спречување на антивладините протести поради кои беше соборен поранешниот украински претседател Виктор Јанукович. Според неа, главниот обвинител Јуриј Луценко ја прикрил вмешаноста на Парубин во убиството на демонстрантите кои беа застрелани со снајпери на протестите.

Луценко пак ја обвини Савченко дека планирала терористички напад врз Парламентот во Украина. Тој побара од Парламентот да и биде одземен имунитетот и таа да биде уапсена. Савченко е поранешен воен пилот помина 22 месеци во руските затвори откако беше заробена од сепаратистите во источна Украина

XS
SM
MD
LG