Достапни линкови

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривична пријава против Џафери


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривична пријава против претседателот на Собранието Талат Џафери, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој на прес конференција во партиското седиште изјави дека неговата партија нема да го признае законот, а по објавувањето во Службен весник, ќе поднесат иницијатива пред Уставен суд за уставноста на закон.

„Имаме флагрантно кршење на Уставот и законите, ја поништија волјата на граѓаните, ова е само чекор кон дното и вие добро знаете дека од оваa одлука никој нема да живее подобро. Само затоa што две париии меѓусебе се договориле за штетен договор, но тоа не е договор прифатен од граѓаните, не е само погазено правото, туку и удар врз соживотот“, рече Мицкоски.

Запрашан за враќање на партијата во Собранието, тој одговори дека ВМРО-ДПМНЕ е државотворна партија и нема да ги напушти масата за преговори за реформските закони. Нивен приоритет е, како што вели, подобра иднина на граѓаните и нема да направат ништо што ќе биде спротивно со интересите на граѓаните.


XS
SM
MD
LG