Достапни линкови

Притисок врз Украина за спроведување на реформите


Знамето на Украина и на ЕУ

Тринаесет поддржувачи на Украина во ЕУ упатија предупредување до властите од земјата дека имплементацијата на важните реформи е „само почеток или заостанување“, според документот до кој дојде Радио Слободна Европа. Во документот наречен „Одржување на Украина на реформскиот пат“, земјите членки на ЕУ посочуваат дека претседателските и парламентарните избори во наредната година ќе бидат тест за земјата.

Документот бил потпишан од претставници на Хрватска, Чешка, Данска, Естонија, Финска, Ирска, Летонија, Литванија, Полска, Словачка, Словенија, Шведска и Британија. За документот ќе стане збор на 19 март кога треба да се состанат министрите за надворешни работи на ЕУ кои ќе разговараат за односите на Унијата и на Украина.

XS
SM
MD
LG