Достапни линкови

Бејли: Одлуката за името треба да ја донесат Македонија и Грција


Американскиот амбасадор Џес Бејли

Американскиот амбасадор Џес Бејли денеска изјави дека САД се заинтересирани спорот за името да биде решен и оти одлуката за тоа треба да ја донесат Македонија и Грција.

„Ние внимателно ги следиме Македонија и Грција, кои се наши пријатели и сојузници. Се надеваме дека тие заедно ќе можат да дојдат до заеднички прифатливо решение за името кое ќе им помогне на двете држави и на регионот“, изјави амбасадорот Бејли за време на првиот годишен Форум на градоначалници во организација на Мировниот корпус на САД во Македонија и Министерството за локална самоуправа.

Американскиот помошник државен секретар за Европа и Евроазија Вес Мичел вчера за време на посетата на Скопје порача дека единственото трајно решение за името е она што ќе го договорат двете страни меѓусебно.

XS
SM
MD
LG