Достапни линкови

Почна седницата за Законот за јазици, присутни пратениците на ВМРО-ДПМНЕ


Собрание на РМ

Почна продолжението на 32 собраниска седница на која на дневен ред се амандманите на Законот за употреба на јазиците во трето читање. На седницата присуствуваат и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, при што повеќето од нив се пријавија за збор.

ВМРО-ДПМНЕ поднесе околу 35 илјади амандмани за законот. Пред почетокот на седницата пред собранието се одржаа протести против донесувањето на законот.

Седницата за законот требаше да се одржи во минатата недела, но поради немање договор меѓу владејачките партии дали да се отвори расправа по амандманите поднесени од ВМРО-ДПМНЕ обидот за собраниска седница пропадна.

XS
SM
MD
LG