Достапни линкови

Владата ја разгледува правната рамка за стопирање на Казандол


Влада на РМ

Портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски на денешната прес-конференција изјави дека работната група за рудникот Казандол утврдила неправилности, при што за една недела ќе се знае дали има правна основа за раскинување на договорот со концесионерот. Според него, пробиени се сите рокови.

Владата по вчерашната седница заклучи дека се исполнети условите за раскинувањето на договорот со концесионерот на Казандол. Од Владата соопштија дека го задолжиле Министерството за економија во рок од седум дена да изготви информација за исполнетост на условите за раскинување на договорот за концесија и за одземање на дозволата за експлоатација на минерални суровини во Казандол.

XS
SM
MD
LG